Вработените од Националниот парк Галичица спасија дива свиња која била залутана во Охридското Езеро. Тие го насочиле животното кон брегот и го вратиле во природата.

Неофицијално, од надворешни лица имало обиди да ја уловат свињата

Инаку, неодамна диви свињи беа забележани од минувачи на регионалниот пат Охрид – Св. Стефан, во близина на Хидробиолошкиот завод, што не е необична појава бидејќи со доаѓањето на есента овие животни се спуштаат од планината кон Студенчишкото блато во потрага по храна.

Дивата свиња е крупна дивеч која поради нејзината голема бројност кај нас многу се лови. Карактеристично за животното е што трча исклучително брзо, а исто така е и добар пливач.

ОhridNews