Музичкиот продуцент Даниел Јовески го најавува неговото видео-првенче. Се работи за видео-запис на Боби Мојсоски за темата “Те краде тој“ (текст: Огнен Неделковски, музика и аранжман: Лазар Цветкоски), која беше исполнета на годинешниот избор на песна за Евровизија – Скопје 2011.
       
Видеото се снимаше на повеќе локации во Охрид, х.„Белведере“, „Куба Либре“, „Кадмо бич“…..
       
Во главната улога, освен Боби се појавуваат и фотомоделот Климентина Црвенкоска, Марјан Шикалески, како и охридскиот бенд „Конектед“.

OhridNews