Чунот изработен од труп на дрво релативно добро е сочуван во езерските води, но точната негова старост не се знае, бидејќи покрај него не е пронајден друг движен археолошки материјал.
-Единствен начин да се утврди староста на чунот е да се изврши хемиска анализа со таканаречениот метод „Ц-14“, но во Македонија тоа не се прави, вели Никола Паскали. Според него пловниот објект може да е од релативно поново време, но може да е и многу стар.
Ваков пловен објект во Охридското Езеро досега не е најден, додека во Преспа се пронајдени повеќе вакви пловила, посочуваат охридските нуркачи.
– Кога го пронајдовме чунот го документиравме и ја информиравме Управата за заштита на културното наследство од каде ни беше кажано дека оваа година не се предвидени средства за подводна археологија, велат Александар и Никола, според кои пронајдениот пловен објект недвосмислено укажува дека луѓето кои живееле тука од многу одамна ги користеле водните патишта за комуникација.
Нуркачите сметаат дека би било добро пронајдениот пловен објект да остане под вода, но да се заштити, бидејќи така би претставувал своевидна туристичка атракција, а би било убаво да се направи и копија од него која би била изложена како музејски експонат.