Почетокот на Серија А ни наговестува возбудлива сезона. Јувентус со триумф над Парма 4-1 го “сефтоса“ новиот стадион додека Каљари ја расплака “волчицата“ совладувајќи ја со 2-1 на Олимпико.


Шлагот на тортата ни го послужи Палермо победувајќи го Интер со 4-3. Аргентинецот во дресот на Интер, Милито потсети на “светлите“ денови во својата кариера со два погодоци. На другата страна Миколи возврати со два голови, за “сицилијанците“ прецизни беа уште Хернандез и Пинила. Дебитански погодок во дресот на “нероазурите“ постигна новата аквизиција Диего Форлан кој само го ублажи поразот на избраниците на Гасперини.