Комичната веб серија „Идиотека“ на актерот и стенд ап комичар Никола Тодороски од Охрид која неодамна беше лансирана на Интернет, од денеска ексклузивно ќе се емитува на најпосетуваниот интернет медиум во поширокиот регион „OhridNews“.

Се работи за кратки веб епизоди напишани, продуцирани и изведувани од Тодороски кој веќе неколку месеци го промовира жанрот на стенд ап комедијата во Македонија. „Идиотека“ е една од првите професионални подкаст или веб серии во Македонија од ваков – комичен жанр.

Темата на најновата епизода од „Идиотека“ е „Трговски центри“, која од денеска се емитува на „OhridNews“ :

 


Стартува првата сезона на веб комедијата „Идиотека“ на OhridNews

OhridNews