Бохум прокнижи нови три бода на гостувањето кај Унион Берлин, совладувајќи го со минимални 1-0. Но триумфот на Бохум остана во сенка поради страотната повреда на дефанзивецот во дресот на Бохум, Матијас Конке.


Во кобната 49 минута од вториот дел Конке со лизгачки старт се обиде да ја расчисти опасноста пред конгоанецот Мачамба јанг Моханија, кој во обид да ја освои топката нагази на ногата на швеѓанецот.


Стартот на Мачамба главниот арбитар не го санкционирал ниту со жолт картон.

Мх.П.