Бајрам Фетаи е еден од тројцата дебитанти на списокот на Мирсад Јонуз за мечот со Албанија наредната среда во Корча. Фетаи (25) кој е по потекло од Тетово, своја фудбалска кариера ја гради во Данска. Започна во Б93, потоа мина две години во Глазгов Ренџерс, од каде пак беше позајмен во Ивернес.


Во 2006 година се враќа во Данскиот шампионат во тимот на Силкеборг, каде во 18 натпрвари постигна два гола. По една полусезнона преминува во Нордсјдален каде е се уште актуелен член. Напаѓачот во одиграни 98 натпревари  постигна 28 гола. Минатата сезона Фетаи беше стрелец на вториот гол во триумфот во националниот куп против Митјиланд со 2-0. Како дел од младинските селекции има одиграно десет натпревари и постигнал еден гол.


И покрај ваквите постигнувања Фетаи на светската јавност и стана познат по славеничкото “тепање“ на своите играчи во победата против поранешниот клуб Силкеборг.

М.П.