Уругвај ја елиминира Аргентина на пенали
со 5-4 и се пласира во полуфиналето на Копа Америка. Натпреварот во
регуларниот дел заврши нерешно 1-1. Перез ги доведе гостите во предност,
додека Игуаин на додавањето на Меси го изедначи резултатот.


“Гаучосите“ од 40. минута имаа играч
повеќе по исклучувањето на стрелецот Перез. Бројчано силите се
изедначија во 87 минута од мечот кога Маскерано заработи втор жолт
картон.

По 120 минути игра на семафорот стоеше
1-1, па се прејде на изведување на пенали. Трагичар во пенал рулетот
беше Карлитос Тевез кој беше единствениот што не ја погоди целта.


Во полуфиналето Уругвај ќе игра со Перу.

М.П.