Тренерот на Унион, клуб што се натпреварува во најсилната аргентинска конкуренција, Леонардо Маделон, се соочува со подолга суспензија бидејќи физички се обиде да се пресмета со четвртиот судија на натпреварот помеѓу Унион и Кордоба.

Маделон, во судиското надополнување, започна жестока расправија со четвртиот судија, а потоа тргна да го фати за вратот. Судијата шокиран од неговото однесување му сигнализираше на главниот судија кој веднаш му покажа црвен картон на воинствениот тренер. Излегувајќи од теренот тренерот го погоди во рамoто четвртиот судија. Поради тоа сигурно ќе добие долга суспензија.

OhridNews