Источно европското дерби во Лигата на Шампиони помеѓу Шахјтор – Зенит заврши без победник 2-2. Украинците во два наврати имаа предно преку Вилијан и Адријано, но преку Широков и Фајзулин русите ја анулираа. Во преостаниот натпревар од групата, македонскиот репрезентативец Тричковски и неговиот Апоел го “преживеаа“ пеколот на Драгао играјќи 1-1.


Не очекував дека Зенит ќе ни се спротистави толку добро, нешто не е во ред во нашата екипа. Минатата сезона игравме во 1/4 финалето од Лигата на Шампиони, оваа не можеме да оствариме победа – смета капитенот на украинците, хрватот Дарио Срна.


Кипарскиот преставник е најголемото изненадување во изминативе три кола од Лигата на Шампиони откако ремизираше со фаворизираниот Порто. Со пет бодови Апоел е на чело на табелата во групата во која се наоѓаат Порто, Зенит, Шахјтор.

Мх.П.