Барселона го одбрани трофејот во Супер
купот на Шпанија. “Блауграната“ на Ноу Камп со погодокот на Меси во
финишот на мечот го совлада Реал Мадрид со 3-2 и со севкупни 5-4 го
освои пехарот.

Првото “Ел Класико“ во сезоната започна со доминација на Реал Мадрид,
кои се заканаа со удари од далечина. Длабочинската топка на Меси,
Иниеста излезе “очи во очи“ со Касиљас  и го лобову за 1-0. “Кралевите“
експресно вратија на погодокот преку Роналдо откако ја закачи топката по
ударот на Бензема. За да ја врати Барса предноста се погрижи Пике со
маестрално додавање го проигра Меси, на кој му остана полесната задача.

Вториот дел од натпреварот започна споро, Барселона ја контролираше
средината а Реал Мадрид “каскаше“ во место. Во последните десет минути
сликата на теренот комплетно се промени, по соло продор Кака изнудува
удар од аголот, во мешаницата најприсебен е Бензема кој е прецизен за
молк на Ноу Камп.

Најдобриот фудбалер на светот, Лионел Меси го потврди епитот откако по
двојната комбинација со ново влезениот Адријано, аргентинецот со
лизгачки старт ја испраќа топката во мрежата на немоќниот Икер Касиљас.

Примениот погодок во финишот на натпреварот ги разлути фудбалерите на
Реал Мадрид, бразилецот Марсело нервозата ја ескалираше врз Фабрегас а
главниот арбитар му го покажа патот кон соблекувалните. На бруталниот
старт од Марсело, фудбалерите на Барселона  реагираа бурно кои дотрчаа
во теренот да се пресметаат. “Најгласни“ во вербалните дуели беа Давид
Виља и Месут Озил кои на крајот заработија директни црвени картони.

Мх.П.