Резултатот по 10 миниту игра го отвори англискиот репрезентативец Вејн Руни кој прецизно шутираше по асистенцијата на Јанг. Резултатската неизвесност ја врати Лонг откако новата аквизиција на голот на Манчестер, Давид де Геа “кумуваше“ за погодокот. Во последниот квартал од натпреварот избранаците на Фергусон притиснаа со сите сили и преку англискиот репрезентативец Ешли Јанг ја обезбедија првата победа во сезоната.
Резултати: ВБА – Мен Ју 1-2, Стоук – Челси 0-0,