Во првото коло на англиската Премиер лига, еден од ланските кандидати за титулата Арсенал без своите ѕвезди Сеск Фабрегас и Самир Насри одигра без голови на гостувањето кај Њукасл.

Како врв на бледото издание на Арсенал кај Њукасл, ќе се одбележи 76.минута, кога дебитантот кај „топчиите“ Жервињо кој во преодниот рок дојде до францускиот прволигаш Лил, заработи црвен картон.

 
Претходно уште еден англиски фудбалски великан ги разочара своите навивачи. Ливерпул и оваа сезона ја почнува разочарувачки одигрувајќи на својот „Енфилд“ само 1:1 со Сандерленд.

 Ohridnews