Видео: Цунамито срамни со земја цело гратче, населението го демне опасност од радијација
13.03.11 00:01
Јапонија ги брои жртвите од катастрофалниот земјотрес пропратен со разурнувачко цунами што го погоди североисточниот дел од земјата. Бројот на загинатите расте од час во час, десетици илјади лица се водат за исчезнати, а над 300 000 останаа без домови. Светот го потресоа хеликоптерските снимки на кои се гледа како цунамито буквално го брише од лицето на земјата гратчето Минамисанрик, каде oд 17000 жители за исчезнати се водат 9500. Во гратчето кое буквално е срамнето со земја не се урнати само три згради меѓу кои и болницата.
Јапонската влада вчера ја прошири зоната на евакуација на 20 километри откако силна експлозија го уништи заштитниот бетоснки ѕид во една од двете нуклеарни централи во Фукушима. Надлежните уверуваат дека месњто за паника нема, бидејќи нуклеарните реактори биле затворени и се ладат, но населението стравува од радијација.
Разурнат бетонскиот заштитен блок од еден од нуклеарните реактори
Земјотрес со јачина од 8.9 степени според Рихтер ја погоди Јапонија во петокот. Еден од најсилните измерени земјотреси во историјата ја помести земјината оска за 10 сантиметри и го скрати траењето на денот.
OhridNews
Јапонската влада вчера ја прошири зоната на евакуација на 20 километри откако силна експлозија го уништи заштитниот бетоснки ѕид во една од двете нуклеарни централи во Фукушима. Надлежните најпрвин уверува дека место за паника нема, бидејќи нуклеарните реактори биле затворени, но опасност да дојде до радијација постои затоа што откажал системот за ладење на третиот реактор од централата.
Разурнат бетонскиот заштитен блок на еден од нуклеарните реактори
Земјотрес со јачина од 8.9 степени според Рихтер ја погоди Јапонија во петокот. Еден од најсилните измерени земјотреси во историјата ја помести земјината оска за 10 сантиметри и го скрати траењето на денот.
Министерството за внатрешни работи ги информира граѓаните дека од 15 ноември до 15 март, согласно одредбите од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата возилата кои учествуваат во јавен со...
Изградбата на автопатот Охрид – Кичево се одвива со одлична динамика, а за прв пат во Македонија и во целиот регион се применува најновата европска директива за безбедност во сообраќајот, особено в...
Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец Oблачно со повремени врнежи од дожд Максималната темпера...