Седумнаесетгодишната Натали Башоска од охридско Пештани, ученичка во средното угостителско училиште „Ванчо Питошески“, инаку вљубеник во фотографијата и филмот, деновиве го заврши своето трето видео насловено како „Проект Македонија“.
Претходно талентираната Натали на јавноста и се претстави со уште два видео материјали за културното наследство на Охрид и за Св. Наум, кои ги изработи како дел од образовниот проект на УНЕСКО „Светското наследство во рацете на младите“.