По повод феруари, месецот на ретките болести, учениците при СОСУ „Св.Кирил и Методиј”-Охрид изработија видео преку кое зборуваат во име на сите оние кои секојдневно се соочуваат со предизвици што најчесто се невидливи за општеството.
Февруари е месец во кој ја подигнуваме свеста, покажуваме солидарности испраќаме порака дека никој не смее да биде заборавен. Ретките болести можеби се ретки, но луѓето што живеат со нив не се малку. Тие не бараат сожалување, тие бараат разбирање, прифаќање и еднакви можности. Ние веруваме во општество каде различностите се почитуваат, каде секој има право на поддршка, образование, пријателство и достоинствен живот. Со знаење ја победуваме стигмата. Со емпатија градиме мостови, а со поддршка даваме надеж!, велат учениците.
OhridNews












