Фудбалерите на Нинберг забележаа очекувана победа во воведниот натпревар од дваесет и третото коло во Бундес лигата.

До четвртата последовaтелна победа екипата на Нинберг стигна во последните 23 минути од натпреварот, кога мрежата на Ока Николов ја погодија Шибер, Мак и Коен. Во редовите на Ајнтрахт, чии фудбалери и во шестиот меч во 2011 година не постигнаа гол, целиот натпревар го одигра Александар Васоски.

 

Денеска и утре ќе биде комплетирано ова коло во Бундес лигата. Лидерот на табелата Борусија во Дортмунд ќе го пречека Санкт Паули, Баер Леверкузен ќе му биде домаќин на Штутгарт, додека Мајнц на Николче Новески за противник ќе го има Баерн Минхен.

Двојки : Борусија Дортмунд-Санкт Паули, Хамбургер-Вердер, Фрајбург-Волфзбург, Хановер-Кајзерслаутерн, Хофенхајм-Келн, Мајнц-Баерн

 
Недела, 20 февруари
Баер Леверкузен Штутгарт, Борусија Менхенгладбах-Шалке