Со звуците на Штраусовиот валцер “ Летот на лилјакот” охридските матуранти денеска ја прославија својата зрелост на охридскиот плоштад. Тие им се придружија на врсниците од преку 70 европски градови кои истовремено танцуваа на музиката што ја емитуваше  Радио „Вал 202“ од Љубљана. Пред почетокот на парадата на матурантите им се обрати градоначалникот на Охрид, Александар Петрески, кој им го честита завршувањето на средното образование и им посака успех во животот.


OhridNews