Екипата на Верона му изрече жестока казна на водичот од навивачката група која на расна основна го вреѓаше Марио Бателоли кој настапува во тимот на Бреша.

Водичот на навивачите доби 11 годишна забрана да го посетува стадионот на Верона и да ја бодри екипата од трибините. Казна доби и клубот кој следниот меч ќе го одигра пред празни трибини.

Балотели во знак на протест во текот на мечот шутна топка на трибините а благодарание на останатите играчи остана на теренот и го доигра натпреварот.

Расизмот моментално е главен проблем на трибините во Серија А и останатите лиги во Европа. Премиер лигата исто така активно се бори со расизмот а англинските репрезентативци најавија дека нема да играат ако од трибините слушнат расистички навреди.

Бателоли за потегот доби поддршка од цела Италија а интересен коментар даде и самиот фудбалер. Добар бев кога играв за Италија и постигнував голови. Сега, кога не сум дел од репрезентацијата им сметам јас и мојата боја на кожата. 

OhridNews