Весел гостин на ресторан синоќа ја расположи охридската чаршија. Тој од балкон уживаше во блех музиката, на која рамнодушни не останаа ниту минувачите. Свирачите беа добро наградени за изведбата, а досетлив граѓанин се пошегува во ситуацијата подигнувајќи пластичен “калашников“ од блиската продавница за играчки.


OhridNews