Манчестер Јунајтед минимално го победи Ливерпул со 1-0 и го елиминираше од понатамошните борби во престижниот ФА куп. Натпреварот беше одлучен во првата минута од мечот кога судијата Веб покажа на белата точка по стартот на Агер над Бербатов. Сигурен реализатор на најсторгата казна беше ветеранот Рајан Гигс.

Работите дополнително се отежанаа за “црвените“ кога капитенот Стивен Жерард заработи црвен картон по страртот над Карик. Кризата кај Ливерпул не успеа да ја намали ниту новиот менаџер на клупата, легендарниот Кени Далгиш.

На останатите натпревар Тотенхем и Челси без проблеми славеа над Чарлтон односно Ипсвич.

М.П.