ВМРО ДПМНЕ го обвини градоначалникот на Охрид Александа Петрески за крупен корупциски скандал во врска со тендерот за уредување на речно корито на река Грашница.

„На овој отворен повик се јавиле два понудувачи. Прворангираниот понудувач дал понуда во износ од 6 милиони 876 илјади денари која била четири пати пониска од понудената цена на второрангираниот понудувач која е во износ од 27 милиони 232 илјади денари.

Општината Охрид под образложение дека понудената цена не соодејствува со реалната го поништила овој отворен повик.

Потоа било распишан втор отворен повик број 20/2010, каде единствено се јавил второрангираниот понудувач од првиот повик, со кого потоа општината има склучено договор на износ од 26 милиони 530 илјади денари за извршување на истата работа.

Односно Општината Охрид при првиот повик ја одбива поефтината понуда и потоа веќе на вториот повик прифаќа понуда за извршување на градежни работи која е поскапа за отприлика  20 милиони денари од првиот пат, односно 4 пати поскапа.

Разликата е во цели, 20 милиони денар.

Се отвора сомнеж дека станува збор за крупен случај на корупција, каде Општината го поништува отворениот повик, се додека не биде прифатена понудата на привилегираната фирма веројатно блиска до градоначалникот Петрески“ – изјави на прес конференцијата што се одржа денеска во Скопје портпаролот на ВМРО ДПМНЕ, Александар Бичиклиски.

Алесандар Петрески е градоначалник кој доаѓа од редовите на СДСМ. Ние бараме Социјалдемокраскиот сојуз да се огради од ваквите негови постапки и да го осуди неправилното и коруптивно работење на Петревски, во спротивно ќе сметаме дека СДСМ стои и има профит од коруптивното работење на нивниот градоначалник, додаде Бичиклиски.

OhridNews