Убавата традиција на празнување на Водици покрај брегот на Дрим во Струга продолжува. Меѓу големиот број капачи најсреќен оваа година беше Томче Голабоски, кој го фати крстот и во 2014 година.

Честитки на фаќачот на крстот му упатија премиерот Зоран Заев и градоначалникот на Струга Рамиз Мерко кои го следеа заедно настанот, а тој доби и вредни подароци од Дебарско – кичевската епархија и кумовите на Водици 2018 во Струга, сопствениците на месната индустрија „Билјанови“.


Водици величествено одбележани во Струга

OhridNews