Вевчанци и оваа година приредија незаборавен карневал. Стотици креативни маски кои василичарите од горна и долна маала ги подготвуваат цела година заедно со традиционалните пагански маски продефилираа низ вевчанските улици. И овој пат вевчанскиот театар под отворено небо ги отслика актуелните случувања во земјата. Дел од маските, традиционално, василичарите им посветија на политичарите.

Во Вевчани продефилира и севернокорејската војска со лидерот Ким Јонг Ун, кој даде екслузивна изјава за медиумите.

Голем број маски беа инспирирани од цртаните и играни филмови. Масовните сцени од „Побеснетиот Макс“ и јунаците од светските бликбастери беа меѓу највпечатливите на карневалот.

Василичарите вечерва ќе ги посетат сите домови на Вевчанци и под маски ќе ја пречекаат Стара Нова година. Маскенбалот завршува утре на пладне со палење на маските.

Г.М.

ФОТО:Вевчански карневал 2017

ФОТО:Вевчански карневал 2017