Вчера на „Youtube“ официјално беше претставен промотивниот видео-запис за монографијата „Чудесна Македонија“.

Монографијата е публикација поддржана во годишната програма на Министерстовото за култура, а се состои од луксузно печатена книга од 230 страници во колор, како и видео-запис во ДВД издание со истата соддржина.

Како што вели авторот на ова дело, Иво Јанковски, овој проект со својата визуелна структура изразува автентично гледиште за минатото, но и статусот на Македонија во денешната современа европска реалност.

Инаку, фотографија со мотив од црквата „Св. Јован Канео“ и Охридско Езеро чив автор е охриѓанецот Даниел Јовески се наоѓа на кориците на оваа монографија.

OhridNews