Доцна попладнево започна уривањето на хотелот „Парк“. Со експлозив е урнат дел од хотелот, а како што може да се забележи од местото на настанот поголем дел од објектот се уште не урнат. Како што ни изјавија инвеститорите на  апартманскиот комплекс  што треба да се гради на местото на х. „Парк“, остатокот од објектот ќе се урива со дополнително минирање, по што ќе следи механичко расчистување на просторот.Уривањето со 108 килограми експлозив го изврши специјализирана компанија, а од безбедносни причини пристапот до хотелот не беше дозволен.


На местото на хотелот „Парк“ за две години ќе никне комплекс со 200 луксузни апартмани. Новата градба ќе биде висока 5 ката плус потпокрив, а ќе има и ресторански дел. Вкупната инвестиција се проценува на околу 20 милиони евра, од што 1 милиион ќе легнат во касата на општината на име комуналии.

OhridNews