Жители на Лагадин вчера одржаа протест со перформанс против урбанизацијата на охридското крајбрежје и изградбата на новиот хотел и медитеранска плажа во населбата. Тие истакнаа дека сегашните генерации се должни да го сочуваат Охридското Езеро за идните генерации и дека доколку продолжи урбанизацијата и уништувањето на природата за брзо време ќе се почувствуваат негативни последици.

OhridNews