Капитенот на Манчестер Јунајтед Немања Видиќ е трансфер цел на рускиот Анжи. За таа цел богатиот сопственик Сулејман Каримов подготвил понуда од 40 милиони евра.

Анжи во наредната сезона ќе игра во Лигата на шампиони, па од таму најавуваат дека сакаат да имаат конкурентен тим во елитното натпреварување.

Возраста (31), бројните повреди, но и супер понудата на Анжи, лесно може да го убедат сер Алекс Фергусон да се откаже од услугите на српскиот интернационалец.

Ohridnews