Капитенот Немања Видиќ и Мајкл Карик ја продолжија верноста со Манчестер Јунајтед. Двајцата фудбалери потпишаа нов двегодишен кој им завршува во 2016 година.


Видиќ, во Манчестер Јунајтед пристига во 2006 година од редовите на Спартак Москва, претходно тој беше член на белградска Црвена звезда.

За ‘црвените ѓаволи’, тој има одиграно 194 натпревари, на кои постигнал 15 голови. Со Јунајтед тој освоил пет  титули во Премиер лигата и една во Лигата на шампиони, како и пет трофеи во Комјунити Шилд и три во Лига купот.

Фудбалерот за врска Карик во редовите на Јунајтед дојде од Тотенхем, тој веднаш стана главна алка во тимот на Сер Алекс Фергусон, а тоа не се промени и кај новиот менаџер Дејвид Мојс.

Мх.П.