Од АМСМ информираат дека поради појава на магла, намалена видливост има на патниот правец Охрид-Ресен до 100 метри и на следните патни правци: Куманово–Крива Паланка од 100 до 150 метри, Тетово–Попова Шапка од 20 до 30 метри, Тетово–Гостивар од 100 до 150 метри, Ресен–Битола до 100 метри и Велес–Катланово од 50 до 100 метри.
Сообраќајот на останатите државни патишта во Македонија се одвива без забрани, по наместа влажни коловози.
АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, каде е можна почеста појава на одрони.
Од 15 ноември започна законската обврска за поседување на зимската опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Таа обврска ќе трае до 15 март 2015 година.
OhridNews