Во црвено во знакот на домаќинот Австрија и жолто во боите на гостите Шведска беше обоен стадион на “Пратер“ во Виена. Мечот од квалификациска група за Мундијалот во Бразил 2014 го доби Австрија која со 2-1 ја совлада Шведска. 48 500 гледачи беа сведоци на триумфот на два месеци претходно распродадениот “Ернст Хапел“ во Виена. Австријците славеа со головите на Алаба од пенал и Јанко. Почесниот гол за “викинзите“ беше дело на Елмандер. Карневалска беше атмосферата на “Пратер“ каде здружени се забавуваа навивачите на двете селекции.

 

Од Виена за ohridnews
Мирко Постоловски