Дербито на Виена, 306 – то во историјата заврши без голови и без победник 0-0. Актуелниот првак Австрија иако имаше играч повеќе еден час не успеа да го скрши отпорот на домаќините. Иако со играч помалце “зелените“ ги имаа поубавите шанси на мечот. На крајот двата стратези Зоран Баришич (Рапид) и Ненад Бјелица (Австрија) мораа да бидат задоволни само поради фактот што не загубија во дербито.  Мечот кој се одигра на распродадениот „Ст.Ханапи“ пред 16 илјади глеадчи помина во одлична атмосфера.

 

 

 

М.П.