Екипата на Виган, е се` поблиску до опстанок во Премиер Лигата откако на Емирати го совладаа Арсенал со 2-1. Во минатата рунда од најсилната лига во Англија, “латикси“ триумфираа над Манчестер Јунајтед и со две победи во низа се одлепија на два поени од опасната зона.


Решавачките погодоци Виган ги постигна во две минуте, Ди Санто беше прецизен во седмата додека Жорди Гомез во осмата минута. Почесниот погодок за Арсенал, го постигна Вермален по нафрлувањето на чехот Росицки.

Мх.П.