Екипата на Виган приреди сензација во финалето од ФА Купот откако успеа да го совлада Манчестер Сити со 1-0. Стрелец на голот вреден титула за “латикси“ беше Вотсон во 90-та минута од натпреварот.


Освојувањето на Виган е вистинска сензација бидејќи избраниците на менаџерот Роберто Мартинез се соочуваат со испаѓање од Премиер лигата, а стигнуваат до трофејот во ФА Купот.

Во супер купот на Англија, што го означува стартот на новата сезона ќе се сретнат Виган и Манчестер Јунајтед, кој на клупата по 26 години ќе го нема Сер Алекс Фергусон.

Мх.П.