Кошаркарските надежи во кошаркарскиот клуб АВ Охрид имаа успешен и плоден викенд победувајќи на трите мечеви кои ги одиграа во првенствата.

Кошаркарите до 18 години на домашен терен прво го совладаа Црн Дрим во „езерското дерби со 77-66 (13-13, 23-8, 15-20, 26-25), а потоа подобри беа и од Дамвер Гостивар победувајќи го со 94-53 (30-11, 20-8, 14-16, 27-18).
Успешниот викенд го комплетираа младинците, односно кошаркарите до 20 години предводени од тренерскиот тандем Митрески-Стојаноски кои во тесен меч славеа со 75-73 (24-23, 13-18, 20-17, 18-16) против Академија ФМП.
М18 кошаркарите со двете победи стигнаа до третата сезона, а младинците имаат една помалку и се наоѓаат на средината од табелата.
OhridNews


















