Половина час по полноќ, на плажата „Сараиште“ во центарот на Охрид, нарушен бил јавниот ред и мир од група млади, сите од Скопје. Расправијата прераснала во тепачка во која 24 годишен скопјанец со стаклен предмет нападнал двајца врсници од Скопје.

Нападнатите со возило на Итната медицинска помош се пренесени во Општата болница во Охрид а напаѓачот е приведен. Против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информира полицијата.

Вчера утро во 06.30 часот, во приватен сместувачки објект лоциран на улицата „Гоце Делчев“ во Охрид, нарушен бил јавниот ред и мир со физички напад извршен од 22-годишно лице од Скопје врз сопственикот на објектот (63) од Охрид. Против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти СВР Охрид..

Синоќа, пак, во 23,50 часот во полициска станица Охрид приведени се две лица од Кичевско на возраст од 21 и 23 години. При извршена контрола, во нивното патничко моторно возило паркирано кај авто кампот „Градиште“ во Охрид, пронајдена и одземена е опојна дрога марихуана. По целосно документирање на настанот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава, се наведува во билтенот на СВР Охрид.

Според статистичките податоци на МВР, во изминатото деноноќие,на подрачјето на СВР Охрид, полициските службеници констатирале 144 прекршоци за неносење лична заштита на лицето (Охрид-96,Струга-23 Кичево-25).

На прекршителите им се издадени налози за сторен прекршок по член став 1 од Уредбата со законска сила заносење лична заштита на лицето заради спречувањена ширење на заразната болест Ковид 19, во денарска противвредност од 20 евра. Доколку казната се плати во рок од 8 дена таа изнесува 10 евра, односно 610 денари.

OhridNews
фото: Илустрација