Shilla cofee & bar

2020-10-03 13:00 - 2020-10-03 17:00

Оваа сабота, 3 октомври, во кафе и бар „Шила“, Никола Тони ќе настапи со микс сесија со одбрани соул, фул, фанки теми.

Настанот кој е најавен како музичко уживање во прекрасен урбан амбиент, почнува во 13 часот.

Никола Тони е познат македонски тапанар, музички селектор, диџеј и уметник од Охрид. Со неполни 20 години станува член на групата „Дамар“, во која тропа на тапани. Првиот албум го издава со групата „Вентолин“. Од 2001 неговото интересирање се проширува и работи како музички селектор. Во тој свет е познат под името Prle Оn Way. Работи со најдобрите андергроунд кругови низ цела Македонија.

Никола Тони почнува се’ повеќе да се интересира за хаус музиката и од 2005 година почнува да ја пушта по македонските клубови, а подоцна ги вметнува и тапаните (својата прва љубов) во настапите, со што на публиката и приредува перформанс во живо по што станува познат и баран. Во 2012 заедно со шпанскиот продуцент Dany Cohiba ја снима песната Lose Control, а ја издава издавачката куќа Carlo Cavalli Music Group.

Никола Тони соработува и со многу други издавачки куќи како otus Flowers Publishing, Urban Vibes Records, Matt Music, Rack Records Music, Digital Room Records, Bembe Recordings, 2Seconds Records.

OhridNews