Познатиот охридски трговски ланец маркети „ДОН“ кој неодамна целосно ја промени сопственичката структура и сега работи под името „ДОН – Примус“ започна голема акција со значителни попусти на одредени производи која ќе трае до 15-ти ноември. Исто така купувачите во „Дон Примус“ маркетите ќе можат да пазарат овошје со намалени викенд цени.
Трговскиот ланец „ДОН – Примус“ засега има две продажни места во Охрид, кај вториот чинар во населбата Кошишта и на улицата „Јане Сандански“. И двата маркети располагаат со сопствен паркинг и целосно се снабдени со производи за широка потрошувачка од најреномирани производители. Новите сопственици најавија дека „ДОН – Примус“ ќе бидат маркети каде што граѓаните ќе уживаат во купувањето.
Наскоро трговскиот ланец „ДОН – Примус“ ќе биде проширен со уште еден маркет на булеварот „Туристичка“.
OhridNews