Ракометарите и ракометарките на Вардар нема по добро да ги паметат натпреварите кои ги одиграа викендов во Лигата на Шампиони. Машките претрпеа пораз од Мешков Брест (30-26) во меч во кој беа фаворити, а исто и женските кои изгубија во Франција од Мец (42-28).


„Вардарци“ и „вардарки“ немаа ниту еден свој преставник во изборот на најдобрите. Ова прв пат се случува „црвено црвените“ да немаат гол, одбрана или пак играч во машка и женска конкуренција.

Машките шанса за поправен ќе имаат викендов кој доаѓа на домашен терен против Кристијанштад, додека девојките силите во Скопје ќе ги одмерат со Турингер.

Најдобрите голови и одбрани во машка конкуренција можете да ги погледнете тука и тука, а изборот за идеалниот тим на колото, тука.

Топ 5 голови и одбрани во женска конкуренција можете да ги погледнете тука и тука, а тука трите ракометарки кои ја одбележаа претпоследната рунда од главната фаза.

 Идеалниот тим на колото: 

Лево крило: Уве Геншајмер (ПСЖ)

Лев бек: Јонас Тручановичиус (Монпеље)

Среден бек: Миха Зарабец (Целје)

Десен бек: Даинис Кристопфанс (Мешков Брест)

Десно крило: Никлас Екберг (Кил)

Пикер: Лука Карабатиќ (ПСЖ)

Голман: Хозе Мануел Сеира (Висла Плок)

OhridNews