кошаркарите и фудбалерките, никој не успеа да ја израдува охридската
спортска јавност викендов со триумф. Единствено таеквондистите можеа да уживаат во “високо“ друштво .
на Охрид Лоте, кои по “седумката“ на домашен терен , се консолидираа и
загубија само со 1-0 на гостувањето кај Осогово. Што повеќе да се
очекува од тимот кој со 11 фудбалери замина во Кочани да го одигра
мечот. Составот на “градежниците“ е длабоко во опасната зона и
единствено евентуалното и тешко остварливо проширување на лигата може да им го обезбеди опстанокот.
Ниту охридскиот прволигаш,Охрид 2004 не минува низ розов период. И тие
на истокот, овој пат во Штип беа поразени со 2-0, што беше седми пораз
во низа. За “рибарите“ следуваат двата одлучувачки меча за опстанокот.
Оваа недела на гости кај Тетекс и потоа дома со Турново. Охриѓани ќе
треба грчевито да се борат за да стигнат до бараж меч за опстанок во
елитното друштво.
Фудбалската прошетка ќе ја завршиме со ЖФК “Билјанини Извори“, кои со
5-0 беа декласирани во Прилеп. Ако охриѓанки се далеку од врвот на
табелата, тогаш имаат можност да играат во финалето од националниот куп.
Нивната задача ќе биде да се проучи играта со Победа и да се изнајде
модул како да се елиминираат прилепчанки во полуфиналниот дво меч.
Охридските кошаркари беа толку блиску но толку далеку во дерби
пресметката со Карпош Соколи. Уште еден пораз кој ги оддалечи охридските
Колибри од врвот на табелата, каде “недопирливи“ се скопските Соколи и
Водно Санс.
Околу три илајди гледачи беа присутни на дерби пресметката во
ракометната прва лига меѓу Охрид и Зомимак. Победата која на терен
заслужено ја однесоа гостите само покажа дека од љубов не се живее.
Охридските “гладијатори“ направија се што беше во нивна можност, но
наспроти себе наидоа на противник, кој се чини ги склопил сите коцки, играчки, на
организациски, на (не)спортски план и патува во Суперлигата.
Секако дека викендов најпозитивен настан беше гостувањето на
“неподбедливиот“ Сајан Бат, на првиот ТаеквонДо турнир во Охрид.
Охридските таеквондисти можеаа да уживаат што покрај себе на “татамите“
имаа личност како петкраткиот светски првак.
Одличен впечаток оставија и охридските “рибари“ кои не се штедеаа на дерби мечот со Струмица. Штета што немаа многу причини за радост.