Во сабота (16.10) и недела (17.10) на градскиот плоштад во Охрид неколку активисти и љубители на животни ќе имаат штанд за вдомување на малечки кученца од неколку локации во градов и околината. Се вдомуваат околу 20 кученца стари два месеци. Кученцата претходно ќе бидат искапени, прочистени од надворешни паразити со примено апче за глисти.
Настанот ќе се одвива двата дена со почеток во 11 часот.
Донациите кои ќе бидат собрани ќе се наменети за храна,лекување на бездомните животни и исто така за стерилизација на женските вдомени кучиња од акцијата со цел шансите за вдомување да се зголемат.
Ќе има многу подароци за најмалите, дружење и игра. Ве очекуваме! – порачуваат организаторите на акцијата.
OhridNews












