По дводневниот настап во градот на конзулите, во сабота со почеток од 21 часот во клубот Jazz Inn, охриѓани повторно ќе имаат можност да го проследат урнебесното кабаре „2 Mothers brothers” на Никола Тодороски и Стрезо Стаматовски.
Проектот на двајцата охридски актери трае час и половина и е исполнет до последна секунда со динамични авторски песни и преработки, чија основа е комедијата.
Картите за кабарето веќе се пуштени во продажба и можат да се купат во мјузик шоп ZZ Top.
OhridNews












