Во сабота, 10-ти ноември, со почеток од 19 часот, охриѓани ќе можат да ја проследат претставата „Свадбата на Итар Пејо“, во режија на Деан Дамјаноски.
Следниот ден, ќе има две изведби на уникатната „Малоѓраѓанска свадба“, во режија на Дејан Пројковски. Првата е закажана за 19 часот, додека втората е 3 часа подоцна, односно во 22.
Билетите можат да се набават секој ден, на билетарата од Центарот за Култура „Григор Прличев“. Охриѓани ќе треба да издвојат 100 денари за „Свадбата на Итар Пејо“, односно, 250 денари за изведбата на „Малограѓанска свадба“.