Светот ќе добие заслужен продолжен викенд, но не правете големи планови, затоа што подолгиот одмор ќе трае само една секунда.
Таканаречената жпрестапна секундаж ќе биде додадена на светските астрономски часовници за да се одржи чекор со забавеното вртење на земјата.
За да се изврши прилагодувањето, во сабота на атомските часовници ќе стои 23 часа 59 минути и 60 секунди, пред на полноќ да покажат полноќ по средноевропско време, односно светско време.
Суперпрецизните атомски часовници се општа референтна точка по која светот ги мести своите часовници. Но, нивната прецизност, која е многу поконстантна од променливото движење на Земјата околу Сонцето, што ги одредува нашите денови и ноќи, прави други проблеми.
Во случај повремено да не работат прилагодувањата часовниците би отишле напред и по многу години Сонцето би излегувало на пладне.
Престапните секунди имаат слична функција како додатниот ден во престапните години, со што се одржува календарот во склад со годишните времиња.
Меѓународната референтна служба за вртење на Земјата (ИЕРС) со седиште во Париз задолжена е за следење на разликата меѓу атомското и планетарното време и за издавање уредби за додавање престапни секунди.
„Сакаме двете времиња да ги усогласиме, а вртењето на Земјата не можеме да го прилагодуваме“, вели за „Реутерс“ Даниел Гамби од ИЕРС.
Тој вели дека вртењето на земјата и нејзиното движење околу Сонцето не се ни малку константи.
Во последно време престапна секунда се додава на секои неколку години, поради забавувањето на земјиното вртење предизвикано од плимите, земјотресите и други природни појави.
извор: „Макфакс“