За време на викендов како и во наредната седмица следува стабилно, сончево и се потопло време со постепен пораст на дневната температура. Денеска ќе преовладува сончево и потопло време со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер. Максималната температура во Охрид ќе достигне до 33 степени Целзиусови, а индексот на УВ зрачење ќе достигне 9, информира УХМР Македонија.

Во недела и понеделни попладне во западните делови ќе има услови за појава на краткотраен дожд со ретки грмежи, но температурите ќе бидат високи и насекаде ќе достигнат над 30 степени. 

Најтопло се очекува да биде кон средината на следната работна недела кога дневната темпертура на воздухот ќе достигне до 40 степени, соопшти УХМР Македонија.

OhridNews