Од Дебарско-кичевската епархија информираат дека на 31 октомври, сабота, во катедралниот храм „Света Софија“ ќе се служи света архиерејска литургија, по повод празникот на „ Свети Константин Кавасила Архиепископ Охридски“, со почеток во 9 часот, на која ќе чиноначалствува Негово Блаженство Архиепископот Охридски и македонски г.г. Стефан со архиереите на Македонската православна црква.
По завршувањето на светата литургија Архиепископот Охридски и македонски г.г. Стефан ќе произнесе пригодно слово за свети Константин Кавасила Архиепископот Охридски, а теологот Виктор Недески во своето излагање ќе зборува за ликот и делото на свети Константин Кавасила.
На 1 ноември (недела), во манастирот „Свети Климент и Пантелејмон“, Плаошник, ќе се служи света архиерејска литургија, по повод празникот на „Свети Прохор Пчињски и пренесување на мошти на свети Јован Рилски“, со почеток во 9.00 часот, на која е чиноначалствува Неговото Високопреосве-штенство, Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј.
OhridNews