Галичица

2021-09-25 09:00 - 2021-09-25 15:00

Авантуристичкиот клуб „Mountain Madness“ организира искачување на врвот Магаро.

Планинарската тура е со цел да се подигне спортскиот дух, љубовта кон планината, еколошката свест и сите заеднички да ја почувствуваме есента на врвот. – велат од „Mountain Madness“.

Акцијата започнува со стартна точка на Липова Ливада на 1 600мнв во 9 часот. Патеката е во должина од 9км и во време траење од 5 часа во двата правци.

За време на акцијата испочитувани ќе бидат сите здравствени протоколи кои се на сила и преземени се сите мерки за заштита на здравјето на учесниците. Секој учесник треба да поседува планинарска опрема, храна од ранец и 1,5 литар вода. Секој учесник оди на своја одговорност. – посочуваат од авантуристичкиот клуб „Mountain Madness“. 

Галичица е планина сместена помеѓу двете езера во Републиката, Охридското и Преспанското Езеро. Нејзините врвови нудат неверојатен поглед кон двете езера и околните планини.

OhridNews