Традиционално и оваа година, членовите на Нуркачкиот центар „Амфора“ и Клубот за подводни активности „Охрид“, во водите на Охридското Езеро ќе накитат новогодишна елка.

Оваа убава традиција започна пред 12 години и претставува вистинска атракција. Покрај искусните нуркачи, во китењето на елката ќе учествуваат млади членови на нуркачките клубови од градот, како и нуркачи од Македонија и странство.

OhridNews