Времето во Охрид денeска ќе биде сончево и потопло. Утринската температура ќе се движи од минус четири до минус еден, а дневната од нула до шест степени.
Според метеролошките најави од утре во Македонија доаѓа нов студен бран кој ќе услови засилен северен ветер, врнежи од снег. Во јужните делови во пониските места прво врнежите ќе бидат од дожд, а потоа и таму ќе поминуваат во снег. Врнежите ќе бидат со слаб, а на планините повремено со умерен интензитет. Се очекува снежната покривка да се зголеми за околу 10 сантиметри.
Утре дневната температура во Охрид ќе се движи од 2 до 7 степени. Во понеделник се очекуваат повторен пад на ноќните темеператури до -10 степени , а во вторник и среда до -14 степени под нулата.
OhridNews