Денеска ќе преовладува облачно време со врнежи од дожд, кои ќе се интензивираат во вечерните и ноќните часови. Пообилни врнежите ќе бидат во западните делови, каде на места ќе наврнат над 35 л/м2. Врнежи од снег најпрво ќе има само на повисоките планини, а до недела наутро снежната граница ќе се спушти до околу 1500 м.н.в. Ќе дува засилен, на моменти силен јужен ветер (над 90км/ч), информира УХМР Македонија.

Во недела претпладне ќе биде променливо облачно со повремен локален дожд, особено во јужните делови. На планините со слаб снег. Ќе дува слаб до умерен претежно западен ветер.

OhridNews